Денеска се очекува да пристигнат близу 40.000 дози од „АстраЗенека“ преку КОВАКС системот, а во текот на утрешниот ден 100.000 вакцини од „Синофарм“ кои се донација од кинеската армија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
– Тие веднаш ќе бидат распределени по веќе постоечките системи и канали за имунизација. Продолжуваме да ставаме акцент на вакцинација на постарите граѓани, а кои се дополнително пријавени по пресекот на 30 април и со тоа се очекува околу 42 проценти од вкупното население над 70 години да биде вакцинирано, што е добар процент.Тие се ризичната група и мора да ги вакцинираме што поскоро, а младите што се пријавени, ќе мора да причекаа, изјави Филипче.
По реакциите на јавноста дека се вакцинираат млади луѓе, а акцент не е ставен на оние со хронични болести, министерот објасни дека тоа се случило само во некои општини.
– Во оние општини или пунктови, каде се пријавиле постари и помлади граѓани, а вакцинирани се сите, тоа се случи затоа што веќе се вакцинирале сите постари граѓани од нивната општина или пријавени на тој пункт за вакцинација. Повикуваме да се пријават сите, а акцентот е ставен на постари граѓани од 70 години, рече Филипче.