471
Кучето Рекс кое беше најдено на улица и донесено во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ од семејството Шилегови, вчера беше вдомено од малата Вивиен, заедно со нејзината мајка.
Градоначалникот Шилегов со сопругата Јасмина и со децата вчера го посетија прифатилиштето „Лајка“ и се запознаа со вдомувачите на слаткиот Рекс. За новиот почеток Рекс доби многу подароци, гушкање и желби за среќни мигови со своето ново семејство.