Филипче: Секое друго решение освен нов Клинички центар на ново место е парцијално решение

од Берта Китинска
304 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека одржал состанок со дел од поранешните министри за здравство, со кои разговарал околу проектот за нов клинички центар.

-Практично заеднички став е дека ова прашање предолго се одолговлекува и се разговара повеќе од 15-20 години. Постигнат е на некој начин консензус по ова прашање  дека секое друго решение освен нов клинички центар на ново место како гринфилд инвестиција е парцијално решение.Ние може да разговараме и за други парцијални решенија, но сето тоа нема да донесе суштинска промена во здравствениот систем во нашата земја, рече Филипче,

Тој смета дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е навистина некоректно.

– Не кажувам дека не може да разговараме за друга алтернатива. Но, отсуство на дискусија, бликирање закон со 2000 амандмани кои не се конструктивни е нешто што сметам дека не е оправдано и оти е злоупотреба некој начин на политичката позиција. Повторно апелирам да дојдат, да се охрабрат да разговараме без разлика дали тоа ќе биде на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата која на крајот на месецот ќе ја организираме во Собраието на која ќе учествуваат сите чинители кои треба да дадат коментар по ова прашање, истакна министерот Филипче.

Слични содржини