Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе инвестира во С. Македонија

од Vladimir Zorba
656 прегледи

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората.

На средбата на Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco” за отворање на фабрика во С. Македонија за рециклирање на пластика. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање.

Компаниите изразиле интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агро секторот.

Премиерот истакна дека С. Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот како и заедничките проекти во полето на енергетиката.

Заев и Битиќи ги поканиле компаниите во земјата, да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.

На состанокот се дискутирало и за придобивките од влезот на С. Македонија во НАТО што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања.

Презентирајќи ги можностите за инвестиции премиерот Заев додал дека позитивните исчекори што земјава ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.

Претседателот на грчката „АмЧам“, Бакацелос искажал отворена благодарност што С. Македонија е отворена за инвестиции и водење бизнис.

На средбата се истакнати и позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извоз, индустриско производство, внатрешниот промет како и раст на просечната плата.

Слични содржини