Освоила 26 милиони долари на лото, но не може да ги подигне парите

од Nikola Popovski
389 прегледи

Жена која тврди дека го освоила џекпотот вреден 26 милиони долари на лотаријата во Калифорнија, вели дека го оставила добитниот билет во џебот од фармерки и го уништила при перење, пренесоа американските медиуми.

Победничкиот тикет на СуперЛото Плус бил продаден во продавница во Норволк, округот Лос Анџелес во ноември.

Жената, чиј идентитет не е познат, наводно е снимена од надзорна камера додека го купувала билетот. Но, рокот за барање на големата победа истекол во четвртокот. Организаторите на лотаријата велат дека добивките мора да бидат пријавени во рок од 180 дена по извлекувањето, што се одржа на 14 ноември.

Портпаролот на лотаријата во Калифорнија, Кети Џонстон, соопштила дека снимките од продавницата не се доволни и дека е потребен „убедлив и значаен доказ дека имате добитен тикет“.

Ова не е првпат луѓето да тврдат дека купиле добитни тикети, а подоцна не можеле да ги покажат, ниту потврдат. Доколку не биде потврден добитникот на џекпот, парите ќе бидат распределени на јавните училишта во Калифорнија, соопштија организаторите.

Слични содржини