Цеца ја прими втората доза од вакцината, но сите гледале во нејзината фризура

од Nikola Popovski
437 прегледи

Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска на саемот во Белград ја примила втората доза на вакцината на кинеската компанија Синофарм.

Цеца ја прими првата доза на вакцината на 23 април, а денес се појави во елегантно издание и со нова фризура.

Имено, таа го сменила имиџот, па сега има долга црна коса и шишки.

Додека го пополнувала образецот, таа за присутните медиуми изјавила дека се чувствува феноменално по првата доза и дека нема никакви несакани ефекти.

Откако ја прими втората доза, таа седнала да одмори неколку минути.

Пејачката претходно откри дека се одлучила за кинеската вакцина од компанијата Синофарм и откри дека била во консултација со лекар, откако го прележа коронавирусот и имала одредена количина антитела.

„Верувам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира, за да се заштити прво себе, а потоа и семејството и луѓето околу него. Бидејќи имав Ковид-19, како што е познато, имав одредена количина антитела, па ова го направив по совет на лекар. Мора да разбереме, здравствените работници вложуваат огромни напори да се грижат за нашите граѓани и никогаш не смееме да го заборавиме тоа. Мислам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обврска. Сакам да се вратиме во нормален живот, да одржуваме концерти, да се радуваме и да се гушкаме! Ајде сите да се обидеме тоа да се случи што е можно побрзо“, рече Цеца по приемот на првата доза на вакцината.

Да потсетиме, Цеца се зарази со коронавирус во јуни минатата година, а истовремено беше заразен и нејзиниот син Вељко.

Фото: Nova.rs.

Слични содржини