Јунајтед нуди 40 милиони фунти за Варан

од Vladimir Zorba
835 прегледи

Договорот на дефанзивецот на Реал, Рафаел Варан истекува летото 2022 година и се чини дека Мадрид нема намера да го продолжи. „Манчестер Ивнинг Њуз“ пишува дека Манчестер Јунајтед контактирал со францускиот дефанзивец и ја истражува ситуацијата.

Истото издание пишува дека Јунајтед не е единствениот и дека Ливерпул е меѓу заинтересираните клубови, но исто така се наведуваат извори блиски до Варан дека повеќето се подготвени да го донесат 28-годишниот Французин едвај по истекот на договорот.

Сепак, клубот од „Олд Трафорд“ очајно бара дефанзивец, а „Мирор“ пишува дека е подготвен да одвои 40 милиони фунти или 46,5 милиони евра за трансфер на Варан.

Јунајтед сакаше да го донесе Варан како тинејџер, но тогаш тој реши да го напушти Ленс за Реал, каде е цела деценија. Не успеа во неколку наврати после тоа да ги убеди Варан и Реал да се разделат.

Оле Гунар Солскјер неодамна изјави дека Јунајтед ова лето ќе се обиде да донесе тројца играчи од светска класа, но дека приоритет е централниот дефанзивец кој би играл во тандем со Хари Мегваер.

Слични содржини