218
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим, откако вечерва во полуфиналето го совлада Италијанецот Лоренцо Сонега со 6:3, 6:7 (5-7), 6:2.
Во финалето на Мастерсот во Рим, Ѓоковиќ ќе игра против Шпанецот Рафаел Надал, кој во полуфиналето беше подобар од Американецот Рајили Опелка со 6:4, 6:4.
Натпреварот е закажан за недела во 17 часот.