Како изгледаше ЛАЖНАТА СВАДБА во Хрватска – без маски и држење дистанца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
525 прегледи

Вториот пилот проект се одржа синоќа во голф клубот Риверсајд во Загреб – симулација на свадбена церемонија со околу 130 гости, сите спроведени во соработка со Кризниот штаб за борба против коронавирусот и Институтот за јавно здравје, пишува Танјуг.

„Вечерва, по повеќе од една година, чувствувајте се слободни! Прегрнувајте се, танцувајте, бакнувајте се, уживајте во фина храна и пијалоци во надеж дека по една недела сите ќе бидеме негативни и со тоа ќе докажеме дека ваквите свечености можат да се одвиваат без проблеми“. Со овие зборови го отвори собирот претседателката на Независното здружение на угостители Жаклина Троскот, пренесе „Јутарњи лист“.

Во оваа симулација нема младоженец и невеста, но сите други елементи, од музика во живо, диџеј до вечера послужена во неколку круга, беа идентични како на вистинска свадбена церемонија.

Забавата траеше до раните утрински часови.

Слични содржини