Заев: Решивме прашања за кои никој не собра храброст да ги реши 30 години

од Andreja Salpe
111 прегледи

Претседателот на Владата, Зоран Заев го отвори 26. конгрес на СДСМ и се осврна на успесите на партијата во изминатиот период.

Во изминатите речиси четири години,  СДСМ носи државнички успеси. Тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат. Успесите се заеднички, наши и на граѓаните, на целиот народ. На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, бевме соочени со деструктивна опозиција, со истата режимска матрица која прави сѐ за да ги спречува реформите, да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење. На надворешен план, мораше да се решаваат прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години. Преку храброст, визија и одлучност го решивме спорот со Грција и денес тие се едни од нашите најсилни поддржувачи и сојузници, истакна Заев