20-кратниот освојувач на Гренд слем турнири, Роџер Федерер ќе учествува на турнирот во Женева, а пред натпреварот истакна дека долгата пауза поради повреда и опоравување не му допринеле многу и дека бодувањето на АТП-листата е во негова корист.
„Мислам дека долгата пауза не ми помогна. Денес сите се подготвени и сите играат одличен тенис. Единственото нешто што беше во моја корист во овој период е рангирањето на АТП-листата, но искрено, не е важно толку“, започна Федерер.
„Вистина е дека треба да бидам 800. во светот отколку осми, и добро е што сè уште сум меѓу лидерите, но тоа не ми менува многу“, рече Швајцарецот пред АТП турнирот во Женева.
Федерер сака да види каде се наоѓа во моментот кога станува збор за физичката подготвеност.
„Ако не сум подготвен 100 проценти заради колената, тогаш не можам да го издржам тоа, но ако сум 100 проценти, тогаш сум секако подобар од тоа 800-то место во светот. Сега морам да видам како ќе изгледаат следните два месеци“, заклучи Швајцарецот.