Попов го менува Весковски како организациски секретар на СДСМ

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Нов организациски секретар на СДСМ ќе биде Мартин Попов, кој доаѓа на местото на Душко Весковски. Попов е директор на Аналитичкиот центар на СДСМ.

Функцијата Генерален секретар на СДСМ и понатаму ќе биде во рацете на вицепремиерот задолжен за борбапротив корупцијата – Љупчо Николовски, додека министерот за правда, Бојан Маричиќ ќе продолжи да ги извршува задачите како секретар за меѓународна соработка, дознаваме од наши извори.

Сања Лукаревска (УЈП) веќе беше избрана за заменик на Радмила Шекеринска (МО) за нов заменик-претседател на партијата, а Царовска (МОН), Филипче (МЗ), Спасовски (МВР) и Битиќи (Вицепремиер) се новите потпретседатели на СДСМ.

Слични содржини