Гевгелија-Скопје: Пожар во локомотива која го влечела патничкиот воз

од Берта Китинска
152 прегледи

Вчера во околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Скопје настанал пожар во локомотива која го влечела патничкиот воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, информират од МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.