Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.
-Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес.
Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Северна Македонија, држава како дом во кој сите се еднакви.
Солидарноста и промоцијата на правата за сите луѓе што припаѓаат на ЛГБТИ заедницата и на сите обесправени групи и ранливи категории, е суштинска одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“, напиша Заев.