Заев: Не постои можност за сериозен развој во земјоделството без сопственост на земјиштето

од Берта Китинска
175 прегледи

Лесно е да блокирате важно е да партиципирате и дадете прилог во нешто, рече премиерот Зоран Заев денеска при посетата на лозовиот насад Тиквеш кај месноста „Бабуна“ во Велес.

Тој рече дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, во одговор на новинарско прашање во врска со продажбата на земјоделско земјиште и најавите од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира законот.

–Лесно е да блокирате важно е да партиципирате и дадете прилог во нешто. Ваквите инвестиции што се прават во земјоделството ниту една банка не ги зема гаранциите што ги даваат самите насади и ги очекуваат од земјиштето. За да можат да продолжи М-6 еден од најголемите инвестотори во М-6 групацијата на еден од најголемите инвеститори во државата во лозарството, но и во сите други области во земјоделието главен предуслов за севкупен економски развој во оваа многу значајна економска гранка во С Македонија е сопственоста на земјоделското земјиште, што е неопходен услов за развој преку соодветни светско познати инвестиции во земјоделието, ако сакаме да бидеме барем рамо до рамо со регионот и со светот, рече Заев.

Тој нагласи дека не постои инвеститор и не постои никаква можност за дополнителен сериозен развој во земјоделството без сопственост на земјиштето.

-Земјиштето нема никој да го носи ни во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа тоа е тука и тука останува. Прашањето го ставаме како ресурс за развој или не. Затоа ја отварам оваа дебата за сите, ние не брзаме, законот е на Енер, нека има дебата нека ги кажат сите своите мислења, рече Заев.