Бананата може да биде основна состојка во колачи, смути или каша, а сама по себе е одлична како закуска после тренинг.
Нутриционистите истакнуваат дека е богата со калиум, магнезиум и витамин Ц како основни хранливи состојки што му се потребни на вашето тело.
Следејќи ги принципите на исхрана без јаглени хидрати, поединците ги елиминираат бананите од менито и со тоа директно влијаат на нивното здравје, пишува Eat This Not That.
Прашањето е што може да се случи во вашето тело ако ги елиминирате бананите од вашата исхрана?
Нарушен имунитет
Бананите, а особено незрелите банани, се одличен извор на отпорен скроб. Има пребиотичко дејство, што значи дека храни добри бактерии во цревата. Ако престанете да јадете банани, ги лишувате добрите бактерии од храната што им е потребна за да живеат.
Според истражувањето објавено во списанието Frontiers of Immunology, доволен внес на пребиотички влакна го зајакнува имунитетот. Но, со отфрлање на таква храна го ослабувате имунитетот.
Тешко закрепнување по вежбање
Ако сакате ефикасно да вежбате додека избегнувате протеински барови или спортски пијалоци, јадете банана. Просечната банана содржи околу 517 милиграми калиум, што е 11 проценти од препорачаната дневна доза на овој минерал, чиј недостаток е поврзан со грчеви во мускулите.
Студија објавена од „PLOS One“ открива дека бананите се ефикасни во намалувањето на воспалителните процеси после вежбање и помагаат во зголемување на лачењето на допамин кај спортистите после вежбање подобро од пијалоците наменети за закрепнување.
Почесто сте гладни
Можеби мислите дека отстранувањето банани од менито ќе го намали вишокот тежина, но за многумина има спротивен ефект.
Студија објавена во „Journal of Functional Foods“ покажа дека скробот што го содржат бананите кои испитаниците ги консумираат пред оброците, резултираат со 14 проценти намалување на вкупниот внес на калории. Со внесувањето на зрели банани, овој хемиски процес е помалку веројатен, но бананите сепак помагаат во слабеењето.
Посклони сте кон инфекции
Ако имате грип секоја година, тогаш бананите дефинитивно треба да останат на вашето мени. Студија од 2020 година објавена од PNAS откри дека лектинот од банана, еден вид на влакна што го врзуваат шеќерот, има антивирусни својства кога станува збор за повеќе видови грип.
Висок крвен притисок
Студија објавена во списанието „Hypertension“ открива дека храната богата со калиум помага во намалување на високиот крвен притисок на сличен начин како и лековите што се користат за оваа намена. Ова е повеќе причина за консумирање на ова овошје, но имајте на ум дека бананите во никој случај не се замена за лекот.
Поголем ризик од мозочен удар
Високиот крвен притисок е сериозен фактор на ризик за мозочен удар. Лишувајќи се од храна богата со калиум, се приближувате до таа ризична група, а студија објавена во списанието BMJ покажа дека луѓето кои јадат храна богата со калиум имаат 24% помал ризик од мозочен удар.
Иако бананите му помагаат на имунитетниот систем, вие исто така се заштитувате од вирусни инфекции со редовно миење на рацете и балансирана исхрана.