ХАРИ КЕЈН му соопштил на Тотенхем дека сака да го напушти клубот, пишува „Скај Спортс“.
Sвездата на Тотенхем сака да замине во друг клуб, но планира да остане во Премиер лигата. Лондонскиот клуб не сака да го продаде, но „Скај Спортс“ пишува дека во Тотенхем сепак би можеле да размислат за исполнување на желбите на нивниот најдобар играч. Целта на Кејн е освојување трофеи, а тоа не успеа во Тотенхем, иако неколкупати беше близу.
За него се заинтересирани двата клуба од Манчестер и Челси. Покрај тоа, 27-годишниот капитен на англиската репрезентација сака да го реши своето клупско прашање до почетокот на Европското првенство, до кое останува помалку од еден месец.
Тој, наводно, сакал да замине минатото лето, откако претходно Жозе Мурињо беше назначен за тренер, но тогаш клубот успеал да го убеди да остане. „Скај“ пишува дека Тотенхем веќе започнал да бара негова замена за ова лето.
Кејн играше за Тотенхем 334 пати и постигна 220 погодоци.