Уставен суд: Подготвителна седница за иницијативите на Законот за ЈО и за Указот од Пендаровски

од Берта Китинска
354 прегледи

Денекса во Уставниот суд треба да се одржи подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство и Законот за јавното обвинителство од 16 февруари 2020 година.

На седницата во својство на претставник на Собранието ќе учествува претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери.

Законот за јавно обвинителство беше донесен од Собранието со 80 гласа „за”, но по повторено гласање, на 16 февруари 2020 година, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш го потпиша Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство. На тоа реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи го Пендаровски дека не смее да потпишува указ за закон донесен во Собранието со двотретинско мнозинство.

За ВМРО-ДПМНЕ е спорно и тоа што Законот е донесен со повторено гласање, а спорен е и членот 110, кој предвидува прислушувани разговори да не можат да бидат основа за подигнување обвиненија, туку тие само да служат како индиции. Исклучок од ова веќе законско правило ќе бидат предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година. Сите прислушувани разговори што не се предадени во Судот како докази или индиции во истраги, Законот предвидува да се уништат.

Пендаровски по потпишувањето на Указот им порача сите коишто имаат забелешки за начинот на гласањето да ги достават до Уставниот суд.

Слични содржини