275
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во вакциналниот пункт во Штип ја прими првата доза од вакцината против против Ковид -19.
„Ги повикувам сите граѓани да се пријават на апликацијата и да го остврат своето право и лична должност. Имунизацијата тече во најдобар ред, Министерството за здравство и Владата придонесоа со целата оваа организација со поддршка на општините да имаме еден добар процес, кој трае и ќе трае во наредниот период. Очекуваме намалување на притисокот од пандемијата и секако враќање на животот во нормала“, порача Бочварски.