Шекеринска: Успешно треба да се справиме со старата замка, а тоа е еден дел од граѓаните да велат сите се исти

од Берта Китинска
231 прегледи

Кога си во опозиција немаш друга работа освен да собираш луѓе и да размислуваш. И тие идеји горе доле се јасни кога ќе дојдете на власт и тогаш моторот на идеја на желба нешто да промениш е многу силен, вели министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во Утрински Брифинг.

–Сега тој мотор мора да се нахрани со нови идеји и мислам дека тоа е една од главните задачи не само на СДСМ. Вториот дел које важен и специфичен е успешно да се справиме со старата замка, старата опасност, а тоа е еден дел од граѓаните да велат сите се исти. На прв поглед можеби изгледа дека убиствено и за ВМРО и за СДСМ и за другите. Но според моето искуство ова е убиствено само за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја носи својата стандардна гласачка машинерија што помалку им замера за некои грешки, додека кај нас како течат годините лупата е се поблиску до нас, вели Шекеринска.

Таа вели дека дебатата не треба да се сведе на прашање на години, но факт е дека и во врвното раководство има луѓе со искуство – дел животно, професионално, партиско.

– Кога учестувам во тим и кога го градам тимот на пример во министерството како прв човек, и кога учествувам во тим кој друг го гради, мојата дефиниција е едноставна – тимот е тука за да говори многу отворено, да анализира, понекогаш и непотребна скепса, да мери 100 пати и кога ќе излезе со одлука таа одлука сите заедно да ја правиме. За мене дефиницијата на тим е дека тоа се луѓе кои навистина ги имаат истите вредности, понекогаш имаат различни идеји како да стигнат до целта, но дефинитивно во тој тим лојаноста не се мери колку пати ќе клименте, туку преку тоа колку пати ќе говорите. И позитивно и негативно. СДСМ најтешките епизоди од 2013, 2014, 2015, најголемиот дел од енергијата го вложувавме да седнеме на маса и да испланираме како понатака. Иако беше исцрпувачки резултатот беше многу добар. Вчера беше годишнина од 17 мај, кој се смета за симбол на новот време кое дојде. Кога ќе се сетам колку време за секој детаљ вложивме дека различните групи, поединци да чувствуваат дека не ги презела уздите СДСМ, туку дек ае тоа заеднички проект нема д ами верувате. И со Преспанскиот договор и со тешките политички моменти, успеавме заради тоа што и на власт го сочуваме тој капацитет дека лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон „шефовите“, вели Шекеринска.

Таа вели дека различните ставови не треба да се отфрлаат како непријателски.

– Не ја гледам логика за т.н „Скопско крило“ – зарем во Скопје немаме разлики. Јас напротив многу често со моите скопски колеги повеќе дискутирам и имаме разлики во ставовите од некои други. Така што мислам дека е тоа поедноставување и гледање на работите низ призма – раздели па владеј. Така што мислам дека таа тема беше комплетно промашена и мислам дека во СДСМ ќе се троши многу време ако се обрне внимание на овие тези. Другиот дел – дебатирање, проверување на различни идеји, да не се отфрлаат како непријателски, тоа е тестот на карактер на партијата, на владата, смета Шекеринска.

Слични содржини