Зеав: Честитки по повод јубилејот – 30 години Фондацијата Отворено општество на Балканот

од Andreja Salpe
359 прегледи

Премиерот Зоран Заев го честиташе јубилејот на Фондацијата Отворено општество за сите. Тој истакна дека Фондацијата има исклучителен придонес во афирмацијата на отворено граѓанско општество и инклузивноста на различностите и посебностите во заедницата.

– Фондацијата Отворено општество одбележува 30 години постоење и работа на Балканот. Им честитам за тридеценискиот ангажман, за тоа што беа и останаа борци и чувари на слободата и демократијата и за нивниот капацитет да иницираат, да поддржуваат и да вмрежуваат автентични граѓански идеи и акции. Фондацијата во регионот во изминатите три децении ги промовираше принципите на отвореното општество и застапуваше за квалитетно учество на граѓаните во обликувањето на политиките во образованието, медиумите, јавното здравство, човековите права, женските права, правата на маргинализираните заедници, како и во сферата на социјалните, правните и економските реформи. Денес за поздравување е придонесот на ФООМ во процесите за забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, за зајакнување на мониторинг-улогата на граѓанското општество во поглед на транспарентноста и отчетноста што е во согласност со политиките на Владата, интеграцијата на Ромите и на другите социјално маргинализирани групи, како и континуитетот во поттикнување на граѓанското учество и активизам, промоцијата на вредностите на мултиетничкото општество и вредностите на отвореното општество. Честитки по повод јубилејот – 30 години Фондацијата Отворено општество на Балканот, со желби за натамошни успеси, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Слични содржини