Се напил и тргнал на пат со магаре, полицијата не успеа да го „спречи“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Ако пиете, не возете, не пешачете и не јавајте…било што. Само мирувајте.

Токму поради последниот споменат начин на движење, полицијата и минувачите останаа во чудо.

Видео од Твитер покажува турист „уништен“ од алкохол, облечен само во костим за пливање и со соодветна капа, како спие на магаре и така се движи по улици.

По него трчаа и органите должни за зачувување на редот, но полицајката мораше да се откаже…поради смеа.

Видеото го сподели HopkinsBRFC со твит: „Прва вечер во паб и го губиш паричникот, па мора да најдеш алтернативен превоз до дома“.

Не е познато колку парична казна платил јавачот откако се освестил.

Слични содржини