Гарванлиев за настапот на Евровизија: Со душа чекам да застанам на таа сцена

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Честа, желбата, можноста, гордоста, одговорноста, да бидеш претставник на олимпијадата за пеење Евровизија е огромна. Ја прифатив со отворено срце, зошто знам каква е таа одговорност, и знам што можам, и со душа чекам да застанам на таа сцена, изјави Васил Гарванлиев во неговото видео обраќање на Фејсбук.

„Интервјуто што циркулира викендов е дадено пред една година. Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од се срце“, додава тој.

Гарванлиев ќе настапи вечерва, во првата полуфинална вечер, под реден број 6.

Слични содржини