„Надлежности за испитување на квалитетот на горивото е на Царината и на Пазарниот инспекторат“, вели директорката на ДИЖС, Ана Петровска за постоењето сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.
Според неа, проблем настанува кога наместо гориво под тарифен број на мазут се увезува нешто друго и тука голема улога можат да одиграат акредитирани лаборатории.
„Додека јас сум на функција ова не било актуализирано, ниту пак сме имале било какви индикации за проверката на гориво. Од вчера сме многу мобилни, дури добивам повици од градоначалници, каде постои сомневања дека вакво гориво се горело. Сме на терен и ќе постапиме ако треба во координација со другите институции“, потенцира Петровска.