302
Владата на денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, донесе заклучок, активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.
Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот.
Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник како резулатат на новонастанатата епидемиолошка состојба, односно произлезе од намалениот број на новозаразени со коронавирус и ослободувањето и затворањето на поголем дел од болничките капацитети за Ковид-19.