Ќучук: Комуникацијата меѓу Скопје и Софија треба да тече и преку универзитетите и новинските агенции, за да се запознаеме подобро

од Nikola Popovski
268 прегледи

„Во овој спорт сите губат. Губи и С. Македонија, губи и Бугарија, но губи и самата ЕУ. Разговорот треба да биде како да продолжиме од овде натаму“, смета бугарскиот европратеник и известувачот за Македонија во ЕП за односите помеѓу Скопје и Софија, Илхан Ќучук во изјава за ТВ Сител.

Според него, Брисел кажува постојано едно исто дека билатералните прашања треба да се решаваат во рамки на билатералните разговори.

„За жал во моментов и во Софија и во Скопје бевме сведоци на политички турбуленции. Највисоките разговори треба да бидат меѓу двете влада, но мислам дека би можеледа бидат вклучени и интелектуални преставници, за да можеме што повеќе да се запознаеме едни со други. Разговорите треба да се одвиваат и преку универзитетите и новинските агенции“, наведува Ќучук.

Слични содржини