299
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија е распишувањето на референдумот за одлучување на државно ниво, чие барање го поднесе Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има”.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како што е најавено на собраниската веб страница, ќе се одржи и јавна расправа по Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка. цр/са/