„Учебници и настава мора да има” преку претставки бараат повлекување на материјалите за учење за 1 и 4-то одделение

од Берта Китинска

Граѓанската иницијатва „Учебници и настава мора да има” денеска поднесе две претставки до Министетството за образование и наука и Народен правобранител.

-Првата е за повлекување од употреба на материјалите за учење за прво и четврто одделение според новите наставни програми поради, суштествени проблеми и недостатоци во нив, негативното влијание што го имаат врз децата и поради кршењето на некои фундаментални човекови права во делот на правото на образование.Втората претставка е за кршење на уставните и законски права на децата од страна на МОН и Бирото за развој на образованието. За ова е испратен и доказен материјал поткрепен со аргументи кој е доставен до Министерството, до Народен правобранител и до Владата. Го известуваме и премиерот Зоран Заев дека ги испративме до него сите доказни материјали и од него бараме да ја адресира одговорноста кај ресорната министерка и да побара од неа неотповиклива оставка. Оваа информација ќе ја проследиме и до меѓународните институции преку нивните дипломатски претставништва, изјави Драгана Спасевска, овластен застапник и претставник на Граѓанската иницијатива

Слични содржини