Италијанската Рома е сериозно заинтересирана за српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, пренесуваат англиските медиуми.
Британскиот весник „Сан“ истакнува дека Жозе Мурињо е голем фан на Митровиќ, тој го следеше додека беше менаџер на „спарс“ и сака Србинот да го предводи нападот на римската „волчица“ следната сезона.
Истиот весник посочува дека Митровиќ е крајно незадоволен од неговиот статус со Скот Паркер во Фулам. Оваа сезона тој беше стартер на само 13 натпревари, иако минатата сезона постигна 26 гола и го воведе тимот во Премиер лигата.
Интересно, Вест Хем е исто така сериозно заинтересиран за Митровиќ. Дејвид Мојс се воодушевува на поранешниот прв стрелец на Чемпионшип и рекордер на српската репрезентација по бројот на постигнати голови.
На одличниот напаѓач наводно му се допаѓа идејата кариерата да ја продолжи во Вест Хем, затоа што би сакал да остане со семејството во Лондон, каде живее од 2018 година.