Владата ќе се поднови со 45 моторни возила, ќе се набават по пат на оперативен лизинг

од Andreja Salpe
456 прегледи

Владата  ја усвои информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци, информира владината прес служба.

– Оваа одлука е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања – велат од Владата.

Слични содржини