Шилегов: Носиме решение што е демотивирачки некој да направи дивоградба, па да ја легализира

од Andreja Salpe

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција истакна дека за првпат во државата ќе се плаќа за легализација на објекти кои што се за индивидуално, а не за колективно живеење. Ослободени за плаќање ќе бидат социјално загрозените случаи.

– Првпат во историјата на оваа држава, по мое инсистирање, ќе се плаќа казна за легализација на објекти кои што се за индивидуално живеење. Сите прописи што ги носевме до сега, ги носевме во полза на неплаќачите, а сега ќе бараме да се плати целиот износ на комуналии зголемен за 50% казна. Што значи, демотивирачки е некој да направи дивоградба што подоцна би му била легализирана. Не заштитуваме ничии бизнис интереси, бидејќи не станува збор за станбени објекти, туку за индивидуални домови, истакна Шилегов

Тој напомена дека ова е проблем на целата држава, но дека Македонија не е единствената.

– Вакви закони носат и земји членки на ЕУ, најверојатно традиционално што живееме по јужно народите сме склони кон вакви работи, дополни тој.

 

Слични содржини