Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на почетниот настан за проектот „ЕУ поддршка за владеењето на правото“, финансиран со средства од националната ИПА програма за 2020 година. Целта на овој настан беше презентација на проектот, кој што е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош Европската Унија (ИПА) и е спроведен од страна на Австриската агенција за европска интеграција и економски развој (АЕИ), хрватското Министерство за правда и јавна администрација, австриското Федерално министерство за внатрешни работи и Институтот за основни човекови права „Лудвиг Болтцман“.
На овој состанок, покрај министерот Спасовски, учествуваа и г-ѓа Вeра Јурова, потпретседател на Европската Комисија за вредности и транспарентност, министерот за правда Бојан Маричиќ, претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, претставници од институциите корисници на овој проект, проектниот тим и медиумите.