САД воведоа санкции за „Северен тек 2“, па се откажаа

од Nikola Popovski
289 прегледи

Американската администрација воведе санкции на компанијата што стои зад изградбата на рускиот гасовод „Северен тек 2“ во Европа и нејзиниот извршен директор и веднаш се откажа од нив заради националните интереси, се вели во извештајот на Стејт департментот испратен до Конгресот во средата.

Извештајот, до чија копија имал пристап до Ројтерс, заклучува дека компанијата „Северен тек 2 АГ“ и неговиот директор Матијас Ворнинг, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, вршат активности кои подлежат на санкции, но дека е во американски национален интерес да се откажат од тие санкции.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го поздрави потегот.

„На ова гледаме конструктивен чекор и со нетрпение очекуваме да продолжиме со разговорите со нашите партнери во Вашингтон“, изјавил Мас пред новинарите.

Рускиот „Гаспром“ и европските партнери работат на завршување на проект за пренос на гас во Европа под Балтичкото Море.

Покрај тоа, администрацијата на Џо Бајден воведе санкции за четири руски брода и уште четири други руски субјекти.

Слични содржини