Керим ќе го советува министерот Османи

од Берта Китинска
333 прегледи

Министерот Бујар Османи денеска информираше дека Стратешкиот совет за надворешна политика ќе го сочинуваат 26-те членови меѓу кои се Валентина Божиновска и Срѓан Керим. Покрај нив на листата се и Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Османи на прес-конференцијата.

Османи  напомена дека  членовите ќе работат волонтерски.