Холштајн: Никогаш не го употребив зборот Бугарија

од Берта Китинска
216 прегледи

Германската амбасадорка Анке Холштајн кажа дека не очекува да им предизвика проблеми на колегите во Софија откако вчера изајви  дека 26 земји членки се држат како заложници од некои ситни национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан, притоа мислејќи на Бугарија.

-Тоа што вчера хрватската амбасадорка во Софија беше повикана на разговор се однесува на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Се надевма дека јас на моите колеги од Софија нема да им направам проблем, но никогаш не го употребив зборот Бугарија, изјави германската амбасадорка.

Таа кажа дека португалското претседателство работи на конкретен предлог, но не се знае како тој конкретно ќе изгледа.

-Португалското претседателство во моментов работи на конкретен предлог, односно на една рамка со која би требало да дојде до согласност и нивната цел е до јуни да се дојде до усогласување, рече Холштајн.

Слични содржини