ОФИЦИЈАЛНО: 7 медицински работници обвинети за убиство на Марадона!

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Поминаа нешто повеќе од шест месеци од смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот, Диего Армандо Марадона. По бурата за потенцијалното убиство и небрежноста на лекарите кои го водеа неговото опоравување од тешката операција на мозокот, епилогот од приказната е дека денес официјално е поднесено обвинение против седум медицински работници за убиството на легендарниот фудбалер.

Судскиот процес неодамна го отвори Обвинителството во Сан Исидро и доколку се докаже дека еден од обвинетите е кирв, им се заканува казна затвор од осум до 25 години!

Меѓу седуммината обвинети се и д-р Леополод Лука, кој изврши операција на мозокот на Диего Марадона, како и психијатарот Аугустино Косачо. Сепак, двајцата ги негираа обвинувањата.

Исто така, беа обвинети две медицински сестри, координатор на медицински сестри, лекар и психолог – сето тоа поради несовесното лекување на Марадона од моментот кога ја напуштил болницата.

Обдукцијата на Марадона вели дека легендарниот Ел Пибе на крајот починал од акутен белодробен едем, акумулација на течност во белите дробови и срцева слабост. Алкохол и дрога не се пронајдени при токсиколошкиот преглед, но постојат супстанции за депресија и смирување.

Исто така, се наведува дека судењето и сведочењето ќе започнат на 31 мај, со потсетување дека Марадона почина во ноември минатата година и дека Владата на Аргентина е иницијатор за дополнително вештачење.

Слични содржини