Царовска од Истанбул: Турција и Македонија имаат позитивно искуство на соработка помеѓу училиштата

од Nikola Popovski
355 прегледи

Денеска при посетата на неколку стручни училишта во Истанбул договоривме соработка со нашите средни училишта во делот на стручното образование на чие унапредување веќе засилено работиме, објави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

При посетата договорена е соработка во делот на јакнењето на средното стручно образование преку обука на наставен кадар, размена на искуства и практики и поддршка во развој на нови профили.

„Нашите две држави имаат позитивно искуство на соработка помеѓу училиштата и заеднички проекти и таа соработка ќе се продлабочува“, рече Царовска на средбата.

Министерката Царовска и другите претставници денес имаа средба со истанбулскиот директорат за образование под чија надлежност се 3 милиони ученици и 200 илјади наставници. На состанокот беа разменети искуства од сферата на образовните политики и беа разгледани можностите за зајакнување на соработката во делот на основното и средното образование помеѓу двете земји.

Како дел од официјалната посета на Турција, Царовска имаше министерски состанок во Анкара, средба со претседателот на турското собрание, состанок во централата на ТИКА, како и посета на Универзитетот „Тракија“ во Едрене и средби со претставници на повеќе директорати за образование.

Во македонската делегација се и заменик-министерот Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики, Ѓонул Бајрактар.

Слични содржини