Сите граѓани кои се имунизирале надвор од С. Македонија, потврдата за вакцинација да ја бараат од тие земји

од Nikola Popovski
205 прегледи

За македонските граѓани што се вакцинирале во некоја од соседните земји, министерот за здравство Венко Филипче денес изјави дека ќе треба да извадат потврда дека се вакцинирани таму, бидејќи, како што рече, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.

За македонските граѓани што се вакцинирале во некоја од соседните земји рече дека ќе треба да извадат потврда дека се вакцинирани таму бидејќи, како што рече, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.

Македонците вакцинирани на меѓуграничнот премин со Бугарија кај Делчево потврда за примена вакцина и код за патување во кој ќе бидат внесени вакцините треба да бараат од бугарските здравствен власти. Од минатата недела на граничниот премин за вакцина доаѓаат Македонци за кои не е задолжително да имаат ПЦР-тест, не им се бара бугарски пасош, можат да закажат термин, но се вакцинираат и оние кои само дошле на пунктот, а можат и да избираат меѓу вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, која ја нема кај нас.

Во однос на ставот на здравствените власти за тоа дали лица кои прележале треба да се вакцинираат, Филипче рече дека се следат препораките на СЗО, на производителите на вакцините и на други држави кои ги менуваат правилата, но кај нас препораката е дека е пожелна вакцинација еден месец по прележување на болеста.

Слични содржини