Актерката и поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Божиновска изјавила денес нема да биде дел од Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Почитуван министре, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да придонесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава“, вели Божиновска во изјава за „А1он“.
Таа е меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР).
Членови на советот се и Срѓан Керим, Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малески, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.