Атанасов за „Св. Св. Кирил и Методиј“: Бугарите имаат што да разменат со нас, во поглед на високото образование

од Nikola Popovski
315 прегледи

Треба да ги пофалиме владите на Македонија и Бугарија ако разговарале на ниво на образование и култура“, вака поранешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов ја коментираше одлуката на Владата да одобри вршење на високообразовна дејност на Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ на територијата на Македонија.

Според негово мислење, додека бил заменик-министер, еден од неговите приоритети бил да се воспостави размена на студенти меѓу двете земји, како и размена на професори и знаење.

„Бугарите имаат што да разменат со нас, во поглед на високото образование“, смета Атанасов во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Од Владата велат дека одобрение дале по претходно позитивно мислење од Одборот за акредитација на високото образование. Бугарскиот универзитет ќе може да врши високообразовна дејност на некој од светските јазици.

Одборот, пак, позитивно мислење дал уште кон крајот на април.

„Странската високообразовна установа великотрновски Универзитет „Св.Св.Кирил и Методиј“, Велико Трново, Република Бугарија, ќе почне да врши високообразовна дејност на територијата на Република Северна Македонија, по запишување во Централниот регистар на Република Северна Македонија, како установа, и во Регистарот на високообразовни установи што го води Министерство за образование и наука“, соопштија од Владата.

Слични содржини