Кривични пријави заработија две лица од струшкото село Велешта поради узурпирање недвижности и загадување на животната средина и природата.
-Лицето Е.К. (42) и В.К.(40), двајцата од струшкото село Велешта, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското Езеро во Струга, извршиле насипување и тампонирање на нивното, но и на државно земјиште.На 3 март 2021 година пријавените ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1 372 квадратни метри државно земјиште, а со насипување земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништување на трската и на езерскиот биодиверзитет“,информираат од МВР.