Од јуни сите приватни специјализанти ќе добијат целосно здравствено осигурување, со што ќе се реши досегашниот проблем на оваа категорија млади лекари, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„Сите приватни специјализанти кои досега нема здравствено осигурување, односно не биле пријавени во друга приватна здравствена установа, а добиваат надоместок за работа како приватни специјализанти, од јуни ќе добиваат дополнителни средства, со што ќе биде покриен трошокот за здравствено осигурување“, рече Филипче.
Тој најави дека ќе им бидат платени сите дежурства
„Сумата за дежурства од 1 800 до 3 600 денари, во зависност од тоа дали се дежура во нормален работен ден или за време на викенд или за празник, со што вкупната дополнителна сума која ја добиваат на веќе постоечките 30 000 бруто во одреден момент може да достигне и до 50 проценти повеќе од тоа што сега го добиваат“изјави министерот.