Град Скопје без коментар за металната конструкција која никна на Кејот

од Vladimir Zorba
534 прегледи

Град Скопје нема коментар за металната конструкција која се поставува на Кејот на реката Вардар.

По целодневно очекување на одговор за што се работи, шефот на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов – Никола Наумовски, преку СМС ни одговори дека денеска, за жал, нема одговор за нас.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како се поставува голема метална конструкција на Кејот 13 Ноември.

Од фотографиите се гледа дека таа треба да служи како летна тераса во некој од угосителските објекти.

На почетокот на оваа година, градоначалникот Петре Шилегов најави дека планирани со градежни работи за целосна реконструкција на Кејот 13 Ноември, со што ќе се реши хаосот и безредието кое владее на овој дел од центарот на градот.