15 лица починаа од Ковид-19, најмладиот на 48-годишна возраст

од Nikola Popovski
179 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, пријавени се вкупно 15 починати лица од Ковид-19.

Билансот е: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 982, бројката на оздравени пациенти е 146 721, на починати е 5 280, а бројот на активни случаи изнесува 2 981 лица.

Слични содржини