Продолжен притворот на Мика Алексиќ за 30 дена

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Судот во Белград денеска го продолжи притворот за 30 дена на сопственикот на училиштето за глума, Мирослав Мика Алексиќ, кој е обвинет за силување и незаконски сексуални дејствија, беше објавено денес.

Според изјавата на тој суд, притворот е продолжен поради сомневање дека Алексиќ може да го повтори кривичното дело, но и затоа што за тоа кривично дело е пропишана казна од повеќе од десет години.

Алексиќ (68) беше уапсен на почетокот на годината во Белград, откако српски актерки и други ученици на неговото училиште за глума „Материја на срцето“ го обвинија за силување и недозволени сексуални дејствија.

Слични содржини