Тажна судбина: Минатата година во НБА, сега затвор и 200 килограми

од Nikola Popovski
283 прегледи

Не е тајна дека многу кошаркари во НБА лигата банкротираат кратко по завршувањето на кариерата, но судбината на Калеб Сваниган е една од најтажните што некогаш сте ја прочитале кога станува збор за професионалци.

Овој американски кошаркар беше 26-ти пик на драфтот пред само четири години, откако доби стотици индивидуални награди за време на неговата колеџ кариера.

Портланд Трејлблејзерс одлучија да изберат центар кој отсекогаш имал повеќе или помалку проблеми со телесната тежина.

На само 13 години имал 160 килограми, а тоа му помогнало да биде доминантен во рекетот за време на неговите денови на играње. Затоа навивачите и соиграчите го нарекле „Биги“, а Сваниган решил да не се враќа во НБА по пауза тапоради коронавирус. Тој се правдал од лични причини, иако се шушкало дека од Портланд решиле да му се заблагодари.

Неговата изјава за ЕСПН е запаметена.

„Јас сум човек кој сака десерти. Не сакам да јадам чипс. Јас можам лесно да го одбијам, но десертите се навистина моја работа. Мислите дека е нешто мало, но полека се натрупува. Еден оброк нема да ве убие, но кога имате три или четири оброци по ред, тоа почнува да му штети на вашето тело“, рекол тој во една прилика.

Демијан Лилард го бранеше неколку пати во јавноста, дури и откако се појави фотографија од неговиот поранешен соиграч, за кого се проценува дека тежи околу 200 килограми (минатата година варираше од 110 до 125)! Само една година откако ја заврши кошаркарската кариера, тој целосно се трансформирал, до таа мерка што многу навивачи не успеале да го препознаат од прва.

Затоа, Лилард решил јавно да проговори и да застане зад своите пријатели.

„Ако објавувате вакви фотографии со искрена грижа, тоа е во ред. Но, не прашувај „како дошол од таму до“ … Тој очигледно има проблеми со реалниот живот. Така е … Не знаете низ што минува, што довело до драстична промена. Ако бидете поддршка, тогаш не прашувајте такви срања, бидејќи тоа не е можно затоа што тој е природно големо момче и сега е на темна патека“, напиша Лилард на објава на фотографија од поранешниот НБА играч.

Сепак, единствениот проблем на Сванинган не била дебелината, бидејќи тој неодамна бил уапсен и завршил на суд во Индијана.

Тој бил уапсен за поседување на скоро 1,5 килограми марихуана само една година откако ја заврши НБА кариерата во која играше 75 натпревари и имаше просек од 2,3 поени, 2,9 скока и 0,7 асистенции на натпревар.

Голема трага од неговиот живот остави смртта на неговиот татко по компликации со дијабетес кога имал само 16 години. Всушност, таткото ги имал истите проблеми со тежината како и синот, а Калеб го посетил таткото во Јута додека бил згрижен непосредно пред неговата смрт.

На рочиштето во понеделникот, Калеб ја призна вината, а судијата Даглас Фал беше загрижен за големата количина марихуана со која беше приведен. Сепак, тој решил да го ослободи на условно, бидејќи ова му било прво дело, но евалуацијата мора да биде завршена поради злоупотреба на разни супстанции и да се примени пропишаната терапија, објави „Фокс 59“. Конечната судска одлука ќе биде донесена за шест месеци, но сигурно е дека, поради ова прекршување, нема да заврши зад решетки.

По низата провокативни наслови во кои тие се однесуваат престрого кон него, тој решил да реагира самиот.

„Кога медиумите се во вашиот живот, игнорирајте ги. Јас сум татко секој ден. Кога си во право, тие те мразат, го тврдам тоа. Сè што можам да кажам е дека сум среќен“, напишал Сванинган.

Слични содржини