Објавена е „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и С. Македонија“ и која е испратена во 70 амбасади и меѓународни организации, објави Бугарското национално радио (БНР).
Автори се осум лица од Бугарија, Северна Македонија, Србија и Албанија, а според БНР, книгата ги анализира проблемите поврзани со бугарската азбука, научно ја поткрепува вистината за азбуката, како и фактите поврзани со појавата на македонската верзија, создадена по Втората светска војна.
Проф. д-р Спас Ташев е првиот раководител на Центарот за култура на Бугарија во Скопје, кој според објавеното добро ги познава проблемите и ги коментирал современите факти.
„Знаеме дека бугарската азбука е камен на сопнување во преговорите меѓу двете земји поврзани со идното членство на Северна Македонија во Европската унија. Признавањето на заедничката историја на двете земји за подолг временски период е другиот проблем“, вели Ташев.