Кејн: Сонот на секој напаѓач е да игра со Кевин Де Брујн

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

И покрај уште една одлична сезона во која ќе се бори за титулата најдобар стрелец во Премиер лигата во последното коло со 22 погодоци и 13 асистенции, Хари Кејн нема да игра во Лигата на Европа или Лигата на шампионите следната година, барем не во дресот на Тотенхем.

Англискиот напаѓач минатата недела објави дека сака да го напушти клубот бидејќи се уште го нема освоено трофејот на 27-годишна возраст. Но, неговиот договор со Тотенхем истекува дури во 2024 година, а Даниел Леви нема намера да го пушти под 170 милиони евра. Нема многу клубови кои можат да си го дозволат тоа, но Манчестер Сити е секако еден од ретките што може.

Кејн би можел да биде голема долгорочна инвестиција. Пред него се уште пет-шест одлични сезони ако го заобиколат повредите. И самиот фудбалер, во разговор со Гари Невил, навести дека Сити може да биде неговата следна дестинација.

– Кога гледам како игра Де Брујн, тој е посебен, посебен играч и неговите топки се сон за секој напаѓач. Тој е извонреден од година во година, со топка, без топка, притискајќи. И неговите асистенции се најдобри што сум видел да бидам искрен – рече Кејн и даде мислење дека врвот на неговата игра е пред него:

– Кога ќе ги погледнам Меси, Роналдо и Ибрахимовиќ, сите тие играа најдобро кога се приближуваа до 30. Сè уште имам 27 години, па се надевам дека треба да минам долг пат.

Додека Хари играше уште една сезона без трофеј, во која постигна вкупно 32 гола, Кевин Де Брујн, пак, ги освои Купот на Карабао и Премиершип, а пред него е финалето во Лигата на шампионите на 29 мај.

 

Слични содржини