Додека водечките лиги во Европа веќе го воведоа ВАР-системот, во српскиот фудбал, неговата имплементација сè уште е во тек. Сепак, на еден натпревар од пониските лиги, веќе се појавил еден случај на користење на „новата технологија“.
На социјалните мрежи се појави видео во кое главниот судија на натпреварот се консултира со снимател за да види дали се работи за пенал.
По контактот во шестнаесетникот, судијата покажал на белата точка, но протестите на противничките играчи го натерале да побара второ мислење.
Тој потрчал кон камерманот, кој го снимал натпреварот.
„Шефе, има ли контакт тука? Можеш ли да ја вратиш снимката?“, му вели судијата.
Човекот задолжен за снимање на натпреварот, категорично одговорил: „Како солза, брат, како солза, чист пенал“.
Српска ВАР технологија pic.twitter.com/l49sYXHan7
— Seir MK (@Seir_mk) May 21, 2021
ВАР технологијата е развиена од 2010 година во Холандија, а пионир беше Рејмонд ван Минен. За првпат се користеше на Светското првенство во Русија и оттогаш стана составен дел од водечките лиги во Европа.