Актерката Софија Вергара има 48 години, а на нејзиниот изглед ѝ завидуваат девојки двојно помлади од неа. Со децении важеше за најубава жена на светот, а ако се прашувавте како успева да го стори тоа, го имаме одговорот, пренесуваат странските магазини.
Иако генетиката исто така има свој удел, факт е дека го должи својот младешки изглед и затегнато и витко тело на докажан рецепт. Софија е некој што сака да ужива во слатките но добро знае како да се врати на вистинскиот пат кога ќе претера и стави неколку килограми плус.
Како што и самата признава, има периоди кога малку се дебелее, но тогаш таа секогаш строго се придржува до овие 2 правила и за кратко време ја враќа витката линија.
1. Комбинирање вежби за сила и кардио
Кога станува збор за кардио, таа обично користи јаже или вози велосипед, а кога станува збор за вежби за сила, има склекови, тренинг со тегови и слично.
2. На второ место – колумбиска диета
Основно правило е дека овој вид диета има 5 оброци на ден, а се прави така што маснотиите се губат од насочените делови, без да се губат облините.
План на исхрана:
Појадок: смути од свежо овошје и зеленчук без маснотии.
Ужина: суво овошје или млечен пијалок.
Ручек: тестенини или ориз со сос без маснотии.
Ужина: свежо овошје или овесна каша со чаша свежо исцеден сок.
Вечера: главно се состои од протеини од месо или риба со јаглени хидрати со низок гликемиски индекс, како што е зелената салата.
Покрај тоа, Софија внесува многу течности, бидејќи водата придонесува за намалување на масните наслаги.